Германскиот гигант Баерн Минхен е најуспешниот клуб во Топ 5 лигите, во последните 10 години, ако се гледаат освојувањата на трофеите на домашната сцена. Во пресметката се во предвид титулите во првенството и во домашниот куп, а тука Баерн е речиси неприкосновен.
Во последните 10 години, од можните 20 трофеи, во витрините на Баерн Минхен завршиле 13 пехари. Тимот од Минхен успеа седум пати по ред да е првак во Бундеслигата, а има и шест радости во Купот на Германија. Со таков успех, Баерн всушност ги има освоено 65 отсто од трофеите на домашната сцена, процент со кој не може да се пофали ниту еден друг тим во Италија, Шпанија, Англија и Франција.