Пако Алкасер ја продолжи рафалната стрелба, вечерва во дресот на Шпанија и со два гола беше творец на триумфот на „црвената фурија“ против Велс.
Гостите победија убедливо со 4:1, а напаѓачот на Борусија Дортмунд го постигна и осмиот гол за неполни 15 дена. Пако беше прецизен во осмата и во 29. минута, во меѓувреме прецизен беше и Рамос, за убедливи 3:0 на „Принципалити“ стадионот во Кардиф.
Гостите повторно погодија во 74. минута, во листата на стрелците се запиша повратникот во репрезентацијата на Шпанија Марк Бартра, а почесен гол за Велс постигна Воукс во 89. минута.