Иван Тричковски го постигна и петтиот гол за АЕК Ларнака во квалификациите за Европа Лигата, а вечерва погоди мајсторски со глава во англиски стил и го спаси својот тим од пораз против Гент.
Во 88. минута македонскиот репрезентативец реагираше феноменално и погоди од тешка позиција за израмнување на 1:1.
https://www.youtube.com/watch?v=3Wc2JBrv2JM&fbclid=IwAR0zF7oVLoz2EwjP5o6ubPG1BcZUpBu4ufwnctJrgFImehFe-4bmlga6AuA
Тричковски во претходната рунда постигна 4 гола на реванш мечот со Левски во Софија, па сега е втор стрелец во квалификациите за ЛЕ со пет погодоци, зад Косгрув од Абердин кој постигна шест гола досега.