10.8 C
Skopje
петок, 13 февруари 2026

Нема крај на агонијата за Вон: Американката ќе оди и на четврта операција!

Американската легендарна скијачка Линдзи Вон имаше кошмарен настап на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. На својот прв настап на овие Игри, по само 10-тина секунди откако ја започна трката во спуст, Вон доживеа тежок пад.

Веднаш реагираа лекарите, а Вон со хеликоптер беше пренесена во болница. Веднаш беа направени две операции, а потоа и уште една, што само покажува колку била сериозна повредата. Некои лекари велеа дека при таква повреда, можело да се случи и уште полошо, односно ампутирање на ногата.

Дека ситуацијата со Вон не е уште средена покажува и најавата дека скијачката ќе мора да направи и четврта операција. Јасно е дека тој кобен настап на ЗОИ во Милано и Кортина значи и крај на кариерата на една од најдобрите скијачки на сите времиња.

- Оглас -

Најнови вести