Нема крај на еуфоријата во Неапол, Кевин Де Бројне ќе потпише за Наполи?!

Новиот италијански првак Наполи е блиску до договор со одличниот искусен белгиски фудбалер, Кевин Де Бројне.

Де Бројне изминатите десет сезони го носеше дресот на Манчестер сити, а реална е опцијата кариерата да ја продолжи во клуб кој истотака носи светло-сини дресови. Според италијанските медиуми, КДБ во Наполи би имал годишна плата од 6 милиони евра во првите две сезони, а потоа би заработувал по 5 милиони годишно.

Де Бројне има понуда и од Чикаго фајр од МЛС лигата, но во Наполи веруваат дека ќе се одлучи за нив. Плус тоа Кевин правеше венчавка во Соренто кој е во непосредна близина на Неапол и неговата сопруга го сака југот на Италија.

- Оглас -

Најнови вести