Нема крај на хаосот: Одложен и мечот кој требаше да се игра на „Олд Трафорд“

Во краток период, денеска е донесена одлука за одложување на уште еден меч во Премиер лигата. Откако претходно беше најавено дека вечерва нема да играат Лестер и Тотенхем, сега стигна потврда дека в сабота нема да се игра ниту дуелот меѓу Манчестер јунајтед и Брајтон.

Новиот вид на корона-вирусот, познат како омикрон, прави вистински хаос во англискиот фудбал. Речиси и да нема екипи во кои нема заразени фудбалери или членови на стручен штаб, па затоа и сè почесто се одложуваат дуелите.

- Оглас -

Најнови вести