Се чини како да нема крај на кризата во Јувентус, откако поранешниот шампион на Италија загуби пред своја публика од Комо. „Старата дама“ веќе пет натпревари во низа не знае за триумф, а на четири од нив загуби.
Поразот од Комо само се надоврза на катастрофата која ја доживеаја во вторникот во Истанбул, кога загубија од Галатасарај со 5-2.
Комо со оваа победа се искачи на шесттата позиција на табелата во Серија А со само еден бод помалку од Јувентус, но и минус два од четвртата Рома и местото кое носи пласман во Лигата на шампионите.

