Нема крај на кризата во Милвоки, го загубија и четвртиот натпревар по ред (Видео)

На седумте полноќни натпревари во НБА лигата имаше само едно изненадување, а на останатите шест меча победија фаворитите. Милвоки бакс го загуби и четвртиот меч по ред, откако на домашен терен беа поразени од Атланта со убедливи 124-145. Домашните одлично влегоа во мечот и го добија првиот период со 44-37, но следните две четвртини беа кошмарни за нив.

Во втората четвртина следуваше комплетен пресврт, па Атланта замина на полувремето со водство од 75-82, а победничкиот удар го зададоа во третиот период, кој го добија со убедливи 17-36. Милвоки се обиде резултатски да се врати во последната четвртина, но не успеа и на крајот мораше да се помири со поразот пред своите гледачи.

Резултати:

Кливленд – ЛА Клиперс 127-122
Њујорк – Портланд 110-93
Милвоки – Атланта 124-145
Минесота – Детроит 123-104
Њу Орлеанс – Шарлот 98-94
Сан Антонио – Голден стејт 106-108
Филаделфија – Торонто 109-127
Феникс – Хјустон 109-148

- Оглас -

Најнови вести