Во Аргентина владее вистинска еуфорија откако во неделата Гаучосите предводени од Лионел Меси ја победија Франција во пенал-рулетот и по третпат станаа светски шампиони.
Владата на оваа јужноамериканска земја го прогласи вторник за неработен ден за да може Аргентинците да им приредат дочек на светските шампиони.
Помеѓу 4 и 6 милиони луѓe ги дочекаа Гаучосите на улиците на Буенос Аирес, но шампионската парада не помина според планираното, поради што полицијата со хеликоптер ги евакуира фудбалерите. Потоа настана хаос на улиците на Буенос Аирес и дојде до пресметка на навивачите и полицијата која резултира и со жртви.
Но, имаше и навивачи кои големиот успех го одбелажаа на поинаков начин и сигурно меѓу нив е и една Аргентинка, која сосема гола, без никаква облека на неа, се шеташе на улиците на Буенос Аирес.
Argentinian women celebrating the World Cup are built different… pic.twitter.com/kD53aVU0tW
— Sunday League (@SundayShoutsFC) December 21, 2022