Нема крај на маките: Флик загуби уште двајца првотимци за реваншот во Париз

Европскиот првак Баерн Минхен е пред исклучително тежок предизвик да се обезбеди пласман во полуфиналето од ЛШ по вчерашниот претрпен пораз од 2-3 на домашен терен против ПСЖ. Баварците беа хендикепирани без главниот голгетер Робет Левандовски, но и опасниот Серж Гнабри, а тренерот Флик денес дозна дека нема да смета на уште двајца првотимци за реваншот во Париз, кој е закажан за идниот вторник.

Леон Горецка и Никлас Зиле вчера се здобија со повреди на бутните мускули, па беа заменети уште во првото полувреме од дербито на „Алијанц арената“. Двајцата германски репрезентативци нема да бидат дел од екипата на Флик за реваншо, со тоа што Горецка ќе паузира околу две недели, додека на Зиле му се предвидува рехабилитација до дваесетина дена.

Без нив, како и веќе повредените Левандовски и Гнабри, Баерн речиси да нема шанси за сензација на „Паркот на Принцовите“.

- Оглас -

Најнови вести