Нема крај на откажувањата на Надал, по Ролан Гарос нема да игра ниту на Вимблдон

Рафаел Надал минатата недела потврди дека нема да настапи на Ролан Гарос затоа што не успеа да залечи повредата, а потоа потврди дека следната година ќе му биде и последна во професионалната кариера.

Уште тогаш се претпоставуваше дека Надал нема да биде подготвен ниту за настап на Вимблдон кој ќе се игра во јули, а сега тоа е и официјално потврдено. На листата на тенисери кои ќе учествуваат на Вимблдон, а таму го нема името на Надал.

Шпанецот се повреди на првиот Гренд слем турнир сезонава, на ОП на Австралија во Мелбурн и од тогаш не може целосно да закрепне.

 

- Оглас -

Најнови вести