Иако во саботата Јувентус удобно победи против Калјари, цената за трите бода се повредата на Мерих Демирал. Турскиот стопер ќе мора да паузира најмалку десетина дена, па тренерот Андреа Пирло повторно остана со еден здрав стопер.
За дуелите против Ференцварош и Динамо Киев во ЛШ, односно против Беневенто во Калчото, од централните дефанзивци само Де Лихт му е на располагање на предводникот на Старата дама.
Демирал им се приклучи на искусните Кјелини и Бонучи, кои се веќе повредени и отсуствуваат некое време.