27.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Нема крај на проблемите за Гвардиола, без важен фудбалер ќе мора против Реал Мадрид

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, веќе извесен период се жали на густиот распоред, според кој во април неговата екипа треба да одигра вкупно осум натпревари. Каталонецот мака мачи со повредените фудбалери, а ситуацијата дополнително се влоши по репрезентативната пауза.

Гвардиола на официјалната прес-конференција пред дуелот со Астон вила на новинарите им се пожали дека само 10 минути претходно добил нови лоши вести.

„Докторот ми кажа дека Кајл Вокер нема да биде подготвен за следната недела и дуелот против Реал Мадрид, но Кајл е Кајл. Тој има посебна генетика. Иако докторот звучеше сериозно и без оптимизам, јас сè уште се надевам бидејќи тоа е Кајл“, рече Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести