Да не беше смешниот автогол на домашниот тим, малкумина ќе ги интересираше дуелот меѓу Раднички и Земун во Прва српска лига. По една целосно безопасна ситуација, домашните фудбалери ја имаа топката, а стоперот Милош Видовиќ најпрво лошо реагираше на приемот, а потоа сакајќи да ја врати топката кон голманот, си постигна автогол.
Целата ситуација делуваше премногу аматерски, па дури и за второто по ранг натпреварување во Србија. За среќа на домашните навивачи, Работнички во второто полувреме даде два гола и направи целосен пресврт за победа од 2:1.
https://twitter.com/i/status/1320635897059135488