Нема Лига на шампиони, има разделба – Станковиќ си замина од Ц. Ѕвезда, се знае неговиот наследник

Дејан Станковиќ го напушти кормилото на Црвена Ѕвезда откако и третпат по ред не усепа да се пласира во Лигата на шампионите, а клучен за разделбата е поразот од Макаби Хаифа во двомечот со вкупен резултат 4:5.

Макаби ја елиминира Црвена Ѕвезда и ја заврши две и пол годишната авантура на Станковиќ на кормилото на црвено-белите.

Нов тренер на поранешниот европски првак е Милош Милојевиќ, кој му беше помошник на Станковиќ од 2019 година до лани.

Тој ќе потпише двегодишен договор со црвено-белите и веднаш ќе ја превзема должноста по оставкатана Дејан.

Црвена Ѕвезда е главен фаворит за нова титула во српското првенство, а денеска на ждрепката во Истанбул ги доби и ривалите за фазата по групи во Европа Лигата.

Белграѓани ќе играат против Трабзонспор за кого игра Енис Барди, потоа и со Монако и Ференцварош во Х групата, една од најтешките во Европа Лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести