Нема ЛШ за Ибрахимовиќ, Милан не го пријави Швеѓанецот!

Италијанскиот првак Милан на листата на нивни фудбалери кои може да играат во групната фаза од Лигата на шампионите, го изостави Златан Ибрахимовиќ.

Освен 40-годишниот Ибра кој уште не е закрепнат од операцијата на коленото која ја имаше во мај, отпаднаа и третиот голман Сипријан Татарушану, Астер Вранкс, Малин Тио, Јасин Адли и Тимуе Бакајоко.

Милан има дури 23 странци во составот, а во ЛШ еден тим смее да има најмногу 17 странци на пријавната листа. Во списокот е ставен Алесандро Флоренци, иако тој се здоби со повреда која ќе го оддалечи од фудбалските терени неколку месеци.

Росонерите од Милано во групната фаза ќе играат со Челзи, Лајпциг и Динамо Загреб.

- Оглас -

Најнови вести