Редарската служба и македонските навивачи кои го носеа старото знаме со 16-кракото сонце од Кутлеш, на шега, за утре си закажаа „втора рунда“ од надмудрувањето околу внесот на ова знаме на трибините во Вараждин.
На влезот некои вакви знамиња кои се најдоа на листата на забранети беа одземени, но поголемиот дел беа внесени, меѓу кои и најголемото кое беше развеано на главната трибина.
По мечот Македонците си ги зедоа знамињата кои останаа кај влезовите и најавија дека повторно ќе ги носат.