Македонските фанови уште се во мал број денеска во Порто, но утре на самиот ден на на историскиот натпревар со Португалија ќе дојдат во поголем број и ќе бидат ветер во грб за нашите фудбалери.
Низ Порто не може да се сретнат групи од македонски фанови, но на најгорниот кат од еден хотел во центарот на стариот дел од градот има закачено македонско знаме со ѕвездата од Кутлеш, кое ги потсетува минувачите дека сме тука.