Фудбалерот на Њукасл, Сандро Тонали доби суспензија од 10 месеци поради кршење на правилата за обложување кои се исти за сите фудбалери во светот. Токму поради тоа, Тонали доби драстична казна од Светската фудбалска федерација (ФИФА).
Тонали беше еден од оние фудбалери кои се најдоа во центарот на скандалот со обложување. Тој бил еден од оние кои се обложувал на фудбалски натпревари, иако тоа му е забрането.
ФИФА го казни на вкупна суспензија од 18 месеци, од кои осум месеци ќе бидат заменети со „терапевтски план“, како фудбалерот би го поминал периодот на рехабилитација поради неговата зависност да се обложува.
Тонали е вториот фудбалер кој добива суспензија во оваа обложувачка афера. Претходно суспензија од седум месеци доби и фудбалерот на Јувентус, Николо Фаџоли. Тонали во минатата сезона го носеше дресот на Милан, а летово направи трансфер вреден 70 милиони евра за да заигра за Њукасл, но сега ќе мора принудно да паузира до крајот на сезоната.
Трет фудбалер кој е дел од овој скандал е Николо Заниоло од Рома, но тој одрекува дека се обложувал на фудбалски средби и дека кога одел во казино тој играл само покер и блек-џек.