Нема милост за Бразилецот: Робињо ќе оди девет години во затвор!

Апелацискиот суд во Милано ја потврди казната на бразилскиот фудбалер Робсон де Соуза Робињо и неговиот пријател Рикардо Фалко за учество во групно силување на млада жена во ноќен клуб во Милано во 2013 година. Робињо уште во декември беше осуден на девет години затворска казна, а фудбалерот сега се жалеше, но залудно.

Според „Ла Република“, причините поради кои Апелацискиот суд ја потврди казната е фактот дека во групното силување се вклучува и „омаловажување“ на девојката и „брутално понижување“. Робињо беше една од главните ѕвезди во фудбалот пред 15-тина години. Во 2005 година од Сантош пристигна во Реал Мадрид каде помина три сезони. Потоа играше за Манчестер сити, а во 2010 година се пресели во Милано.

На „Сан Сиро“ остана до 2015 година, а токму во тој период додека играл за тимот од Милано, се случило и силувањето на девојката, која била во еден познат ноќен клуб и го прославувала својот 23-ти роденден во кобната вечер.

Робињо има право во следните 45 дена да се жали и до Врховниот суд што е третата и последна инстанца на италијанската правда.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести