Ненад Алајбеговиќ познат како Алибег е тешко ранет вечерва во пукање во Нов Белград. Алибег е поранешен водач на навивачката група „Забранети“ на Партизан, кој и пред шест месеци бил цел на напад, а преживеал обид за убиство и во 2010 година. Тој има дебело криминално досие.
Во полицијата, Алибег е познат како наркодилер, а во евиденцијата има повеќе од 60 кривични дела. Прв пат бил приведен кога имал само 12 години. Во јуни 2010 година успеал да остане неповреден во заседата која му ја подготвиле. Непознат маж го чекал да излезе од зградата во која живеел, пукал три пати, но за среќа на Ненад, сите три куршуми го промашиле.
Минатата година кога втор пат бил мета на напад, Алајбеговиќ одбил да соработува со полицијата.
„Можно е да е во прашање навивачки напад, но поверојатно е дека се работи за некои нерасчистени криминални работи“, се шпекулира низ Белград.
Ненад долго време бил водач на навивачката група „Забранети“ која долго време е во судир со ривалската фракција „Алкатраз“. Братот на Ненад, Дејан бил еден од водачите на Партизан, а тој е убиен пред 15 години.
Алибег повеќе од 25 години е познат на полицијата. Тој уште како малолетник завршил во поправен дом, кога прв пат бил осуден, а имал 16 години. Вечерва во заседа е пукано на него со огнено оружје, погоден е неколку пати и лекарите се борат да му го спасат животот.