22.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Нема многу време за подготовки, на Македонија ѝ треба специјален блиц-криг да ја освои Чизмата (Фотогалерија)

Македонските репрезентативци ќе имаат вкупно само 3-4 тренинзи во Скопје и во Палермо како дел од мини-подготовките за бараж-дуелот со Италија на 24 март, па нешто специјално и не може да се подготви како изненадување за актуелниот европски првак и четирикратен светски шампион.

Времето е кусо и ни треба брз блиц-криг за да ја изненадиме и покориме Чизмата.

Селекторот Благоја Милевски вели дека веќе го знае и составот што ќе почне против Италија, за три дена на „Ренцо Барбера“ од 20.45 часот, а и играчите се оптимисти дека нема што да се загуби во ваков нокаут-меч, а може многу да се добие.

Капитенот Стефан Ристовски ќе ги предводи гостите од Македонија, а со него во одбраната треба да бидат и голманот Димитриевски, Алиоски, Муслиу и Велковски.

Во средниот ред командата би требало да ја имаат Аријан Адеми и Енис Барди, а за место во стартниот состав шанси има и Бобан Николов.

Офанзивниот дел ќе биде стандарден, со Милан Ристовски како шпиц и Трајковски и Чурлинов на крилните позиции.

Се бара замена за Елиф Елмас, кој нема право на настап против Италија поради жолти картони, исто како и Тихомир Костадинов.

Македноската фудбалска експедиција утре ќе патува за Палермо, на бараж-дуелот со Италија што ќе се игра на 24 март на „Ренцо Барбера“ од 20.45 часот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести