Нема мрдање кај Германците – Се дезинфицира дури и топката за фудбал (Видео)

Бундеслигашите имаа храброст први да се вратат на терените од Топ-5 првенствата во Европа, а дисциплинираните Германци внимаваат на секој момент за да не дојде до евентуален ризик од зараза со ковид-19.

Изработија и правилник за однесување во услови кога пандемијата со корона-вирусот сè уште не е потполно скротена и строго се придржуваат до него.

И вечерва на последниот меч од 26-тото коло, или прв по рестартирањето на најквалитетното првенствово, Германија има строги мерки за безбедност, па дури и фудбалската топка се дезинфицира со средства за заштита од ковид-19.

Погледнете како изгледа дезинфекцијата на дуелот меѓу Вердер и Баер Леверкузен.

https://twitter.com/beINSPORTS_EN/status/1262450693052551168?s=20

- Оглас -

Најнови вести