За некои Реал Мадрид и Барселона претставува најголемо дерби на свет, додека пак други тврдат дека кога играат Ривер Плејт и Бока Јуниорс, ништо не е споредливо со тоа.
Како и да е, ние неутралците вечерва ќе уживаме во два фудбалски спектакли, каде што најпрвин во 21 часот започнува Ел Класико, каде што Реал Мадрид ќе ја пречека Барса на „Сантијаго Бернабе“.
А веднаш по завршувањето, со далечинското патуваме во Аргентина каде што од 23 часот во мечот од претсезонскиот куп ќе се соочат Ривер Плејт и Бока Јуниорс во нов, 257 бој меѓу овие две екипи во Суперкласико.
Иако се работи за куп кој што се игра како за најава на новата сезона во Аргентина, кога ќе се соочат овие две екипи, тензијата секогаш е на највисоко ниво.