Нема назад: Рамос сигурно си заминува од Реал
По 16 години поминати на „Сантијаго Бернабеу“, капитенот си заминува од Кралскиот клуб.

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, ги игра последните месеци во дресот на Кралскиот клуб. Актуелниот договор на Рамос истекува на крајот од сезонава, а многу веројатно е дека челниците на најтрофејниот шпански клуб нема да му понудат нова соработка.
Главниот проблем во преговорите е платата која ја бара Рамос. Дефанзивецот бара да ја добива платата која ја има од сегашниот договор, додека понудата на Реал е многу помала. Фудбалерот сака договор на две години, а понудата е за една сезона.
„Рамос си заминува. Нема назад, готово е.“ Во клубот веќе го знаат тоа и прават планови за новата сезона без капитенот“, рече познатиот шпански водител Јосеп Педрерол, во емисијата „Ел Чирингито“.
Рамос во Реал е неверојатни 16 години и стана една од иконите на клубот.