Шампионот МЗТ Скопје Аеродром го совлада ТФТ со 80-69 во дербито на македонската кошаркарска Суперлига, и ова е прв пораз сезонава за Црно-белите од Тафталиџе.
Победи тимот кој грешеше помалку, ТФТ имаше дури 22 загубени топки (МЗТ имаше 12) и само добрата реализација на тројките ги спаси гостите од потежок пораз.

Во нападот на победничкиот тим се истакнаа Меккејден со 20, Магдевски со 17 и Смит-Мекјуен со 13 поени, а кај ТФТ отскокнуваа Говенс со 23 и Дејвис со 19 поени и осум скока, додека сите македонски играчи заедно имаа само 13 поени.
И покрај победата, Штрковите не се први на табелата, затоа што за оној службен пораз од Ангели не добија бод за поразот.

