Екипата на ТФТ го надигра Пелистер со 97-82 и на битолчани им го нанесе првиот пораз сезонава, па сега во првата македонска кошаркарска лига веќе нема непоразени екипи. Пелистерци во СРЦ „Кале“ беа разбиени од новиот прволигаш во третата четвртина со 30-13 и тоа беше периодот во кој Црно-белите ја најавија победата.
Кожув врза две победи по ред, денеска гевгеличани беа подобри од Вардар по продолжение од пет минути со 86-82, Гостивар го победи Куманово со 91-83, иако по три четвртини гостите имаа плус од 10 поени разлика. Академија ФМП го доби гостувањето кај Црн Дрим со 86-65.
Пелистер и понатаму е најдобар тим на табелата бидејќи има само еден пораз, ТФТ и Работнички имаат по два порази, додека најмал број на победи, по една, имаат Црн Дрим, Вардар и вториот тим на МЗТ.