Њујорк го победи Вашингтон со 136-132 во најинтересниот меч во НБА лигата синоќа, тоа беше единствен натпревар на кој имаше продолжение, а јунак на Никс беше Џејлен Брансон со 55 поени од кои 9 во екстра периодот. Ова е трета партија на Брансон во дресот на Никс со 50 или повеќе поени.
Никола Јокиќ (37 поени) и Џамал Мареј (34) заедно уфрлија 71 поен во победата на Денвер над Детроит од 134-121, а Кајри Ирвинг постигна 44 поени, но неговиот Далас загуби од Портланд со 122-126.
Лејкерс предводен од Ентони Дејвис, а без Леброн Џејмс во составот, славеше против Сакраменто со 131-122. Голден стејт со 109-105 беше поуспешен од Феникс, јунак н средбата беше Џонатан Куминга со 34 поени и 9 скока. Стеф Кари имаше 22 поени од кои за паметење е кошот што го постигна во последната секунда од првото полувреме.
Како ли го прави тоа, се прашуваа многумина? Погледнете ја соло-акцијата на Стеф и завршницата: