23.8 C
Skopje
понеделник, 22 септември 2025

Нема ништо од атрактивната Србинка како газдарица на Челзи, Ник Кенди е избришан од листата со можни купци на европскиот првак (Видео)

Ник Кенди и Вуди Џонсон не се повеќе кандидати за нови сопственици на Челзи, објавија англиските медиуми.

Со тоа пропадна и можноста атрактивната Холи Валанс, која е сопруга на Кенди, да биде новата газдарица на шесткратниот англиски првак и актуелен шампион на Европа.

Валанс всушност е Вукадиновиќ по оригиналното презиме и има потекло од Србија, а е сопруга на Кенди.

Холи е глумица, која имала улоги и во култните „Prison Break“, „”CSI Miami“ и „CSI New York“, а има издадено и два музички албуми.

На листата со потенцијални купци на Челзи повеќе не фигурира и Вуди Џонсон, еден од членовите на семејството што го изгради фармацевтскиот гигант „Џонсон и Џонсон“.

И Кенди и Џонсон се американски бизнисмени коишто имаа намера да го купат Челзи од Роман Абрамович.

Рускиот тајкун мора да го продаде клубот што го купи во 2003 година и го направи светски бренд и гигант поради санкциите од Британската влада, која го смета за поддржувач на Владимир Путин.

Цената за продажба на Челзи е околу 3 милијарди евра.

- Оглас -

Најнови вести