Специја ќе игра во финалето на плејофот во Серија Б откако вечерва дома го победи Киево со 3-1. Првиот дуел во Верона им припадна на Летечките магариња со 2-0. Кога ова би било двомеч во европските купови, понатаму би одел Киево, кој почесниот гол го даде во 93-тата минута од пенал. Но, во Италија важат други правила, голот на гости ништо не значи, нема пенали, па во случај кога вкупниот резултат е нерешен како тука (3-3), во финале оди екипата која била подобра во регуларниот дел од сезоната.
Специја беше трета на табелата во Серија Б и затоа го елиминираше Киево, кој беше шести. Противник на Специја во финалето ќе бидат Порденоне или Фрозиноне.