Нема од што да се плашиме – Македонија и беше гостин на Португалија, играше и Роналдо и не нѐ победија (Видео)

Македонија по третпат во фудбалската историја ќе игра против Португалија и пак по подолго време ќе им бидеме гости на поранешните европски прваци, но овојпат во многу позначаен меч.

Во 2003 година во Лозана за првпат игравме против Португалците, кои тогаш победија со 1:0 со голот на Луис Фиго на неутрален терен.

Во 2012 година во нов пријателски натпревар, но овојпат во Португалија, во Леирија одигравме без голови.

На двата меча против нас играше и најголемата ѕвезда на Португалците, Кристијано Роналдо, кој на 29. март пак ќе игра против нас и тоа како капитен на домаќините во Порто.

Мечот е исклучително важен, за нас и историски, бидејќи имаме шанса со победа да играме на прво Светско првенство, тоа што ќе го организира Катар во ноември и декември оваа година.

Португалија 7 пати играла на Мундијалите и има една бронза од 1996 година, а Македонија на „Драгао“ од 20.45 часот во вторник ќе се обиде да испише историја и да обезбеди деби настап на Мундијалите.

 

- Оглас -

Најнови вести