Дуелот на Арсенал и Баерн Минхен потврди дека Топчиите се најопасни при прекини и дека Баварците имаат мега талент во името на 17-годишниот Ленарт Карл.
По првиот дел во Лондон на дербито на непоразените, резултатот е 1-1, па вторите 45 минути ќе решаваат кој ќе се радува на крај.
Килијан Мбапе за само 6 минути и 43 секунди даде три гола (најбрз хет-трик во кариерата) и му донесе пресврт и водство на Реал Мадрид од 3-1 против Олимпијакос откако Грците поведоа со 1-0.

Ливерпул губеше, па израмни против ПСВ на 1-1, а исто беше и во Париз каде Тотенхем поведе против актуелниот првак ПСЖ, но Светците израмнија.
Ова е голот со кој Баерн изедначи:
Lennart Karl 32′
Champions League | 🇪🇺 Arsenal 1-1 Bayern Münchenpic.twitter.com/GXJtOQUFC2
— Goals Xtra (@GoalsXtra) November 26, 2025

