Нема одложување: Наполи или ќе игра, или ќе го загуби дербито со службени 3-0

Јувентус не прифаќа одложување на дербито со Наполи кое е предвидено да се одигра утре навечер. Наполитанците мора да најдат начин, односно да добијат дозвола да допатуваат во Торино за да се одигра средбата, во спротивно клубот од „Сан Паоло“ ќе биде приморан да го предаде мечот и да загуби со службени 3-0.

Претходно вечерва локалните власти му забранија на тимот на Џенаро Гатузо да патува во градот на италијанскиот првак поради активни случаи на ковид-19, по што се тврдеше дека дербито ќе се игра во нов термин.

„Јувентус соопшти дека првиот тим утре ќе се појави на теренот на „Алијанц“ стадионот за мечот против Наполи кој е закажан за 20:45 часот според распоредот на Серија А“, стои во соопштението на Бјанконерите.

Ова значи дека Јувентус нема да му излезе во пресрет на екипата чии бои брани македонскиот талент Елиф Елмас, кој е вториот заразен играч во Наполи.

- Оглас -

Најнови вести