Манчестер јунајтед нема да биде дел од Светското клупско првенство во САД, па фудбалерите на овој клуб можеби се понадеваа дека ќе имаат подолг одмор, но така не размислува раководството. Црвените ѓаволи последниот меч од Премиер лигата го играат на 25 мај против Астон вила, а веднаш потоа ќе патуваат на турнеја во Азија.
Многумина се зачудени од ваквата одлука, но раководството се правда дека на клубот му се потребни дополнителни приходи и тоа е причината што ја прифатиле понудата за ова далечно гостување.
На турнејата во Источна Азија, Манчестер јунајтед ќе одигра два натпревари, на 28 мај во Куала Лумпур (Малезија) и на 30 мај во Хонконг.
Манчестер јунајтед можно е да стигне и до финалето од Лигата на Европа, но тој меч е закажан за 21 мај, па и тоа нема да ги промени плановите. Веќе е познато дека подготовките за следната сезона ќе ги реализираат во Скандинавија и во САД.