Нема плејстејшн за Италијанците: Целта е да бидеме први на ЕП, а не во „Кол оф дјути“

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Лучано Спалети, ќе воведе ригорозни правила во соблекувалната и во тренинг кампот на Аѕурите со цел неговите фудбалери да бидат максимално фокусирани на настапот на Европското првенство во Германија.

Една од првите одлуки на Спалети е забрана на репрезентативците на играат видео игри на плејстејпн додека се во тренинг кампот на Аѕурите.

„Дресот на репрезентацијата е гордост, одговорност, тоа не се празни зборови кои ги зборувам туку-така иако некој може да помисли поинаку. Некои играчи можеби мислат дека Спалети е куче кое лае, но грешат и сега постојат работи на кои ќе мора да обратат внимание. Отсега, своите плејстејшн конзоли ќе мора да ги остават дома, нема повеќе да ги носат во кампот на репрезентацијата. Измислив игра која ќе им помогне да се забавуваат навечер, ќе им давам задачи ако видам дека во текот на денот не биле доволно ангажирани. Во репрезентацијата мора постојано да мислите на целта поради која сте тука и со тоа нема шега. Во репрезентацијата се доаѓа со цел да се триумфира на Европско првенство, а не да се победи во „Кол оф дјути“, изјави Спалети во интервјуто за „Газета дело Спорт“.

 

- Оглас -

Најнови вести