Нема почудна лига од Евролигата – Стартот во Белград и Барселона беше со капаци на кошевите (Видео)

Две многу чудни први четвртини се случија на два денешни натпревари во Евролигата, а во Белград и во Барселона сите четири екипи не успеаја да ја минат двоцифрената граница со поени во стартните 10 минути.

Во Белград, Црвена ѕвезда и Милано одиграа 8:7 во првиот период од 10 минути и кога се чинеше дека тоа е вистинско кошаркарско чудо, идентичен почеток имаше и во Барселона два часа подоцна.

Барселона и Баерн постигнаа заедно три поени повеќе од Ѕвезда и Милано, а и во „Блауграна“ првата четвртина заврши со едноцифрени бројки, 9:9.

Сепак, евролигашкиот рекорд им припаѓа на Црвена ѕвезда и Милано, кои ја одиграа најскромната прва четвртина во историјата на Евролигата само за 15 поени .

Милано победи со 63:57 во Белград, а Барса славеше дома против Баерн со 71:66.

Резултати: Црвена ѕвезда – Милано 57:63, Барселона – Баерн 71:66, Фенербахче – Лион 85:76, Жалгирис – Макаби 78:94, Панатинаикос – Монако 83:91, Басконија – Зенит 82:90.

 

- Оглас -

Најнови вести