Најголемите магионичари во фудбалот секогаш биле Бразилците, па не е ни чудно дека токму во Бразил беше постигнат феноменален погодок од слободен удар. Низ историјата, Бразилците имале фудбалери како Пеле, Роналдињо, Жунињо и Роберто Карлос, кои постигнувале феноменални погодоци од слободен удар.
Фабио Алвес, секако, не е фудбалер од калибарот на големите ѕвезди, но тој може да се пофали дека е творец на можеби најдобриот погодок сезонава постигнат од прекин. Со шут од над 40 метри, Алвес ѝ донесе радост на Флореста во дуелот со Виторија во бразилската Серија Ц и тој погодок сигурно ќе биде во конкуренција за наградата Пушкаш која се доделува за најдобриот погодок во светот.
Esse foi o golaço que nos deu a vitória na partida de ontem a noite. O gol foi marcado pelo nosso lateral-esquerdo Fábio Alves.
VAMOS FLORESTA 💚 pic.twitter.com/JAAHohjFYI
— Floresta 💚🌲 (@florestaomaior) April 17, 2022