Нема подобар млад играч на Стариот Континент – Седмиците го искачија Кулушевски на европскиот врв (Видео)

Дејан Кулушевски повторно одигра брилијантна партија фудбал во Серија А, постигна одличен гол по солоакција за Парма против Верона и тој е најдобриот млад играч на возраст до 20 години во Европа според бројот на погодоци и асистенции комбинирано.

Шведскиот репрезентативец со македонски корени постигна 7 гола и има исто толку асистенции во 29 одиграни кола во Серија А, што е најдобар ефект за 20-годишен фудбалер не само во Италија туку и во Европа.

https://www.youtube.com/watch?v=DVmAkN2qSfE

Кулушевски ќе игра за Парма до крајот на оваа сезона и има шанса во последните 9 кола да го подобри и вака одличниот ефект, а потоа се сели во Јувентус.

Челниците на Старата дама имаа одличен инстинкт и го купија Кулушевски во зимскиот преоден рок за 35 милиони евра, а сумата може да порасне до 44 милиони евра со бонуси.

Дејан пристигна во Италија од Бромапојкарна, а играше за Аталанта, па потоа ѝ беше позајмен на Парма, за и официјално да стане член на шампионот Јувентус на 2 јануари годинава.

Интересно е што Кулушевски има одиграно пет меча за македонската репрезентација до 17 години, но потоа одлучи да игра за сениорската селекција на Шведска, земјата во која е роден.

 

 

- Оглас -

Најнови вести