Нема подобар од Икарди во Серија А

Во сенка на доделувањето на Златната топка на Лионел Меси, во Италија беа доделени наградите за најдобрите во Серија А за минатата сезона. Асоцијацијата на фудбалери во Италија го избра Мауро Икарди за најдобар фудбалер во сезоната 2017/18. Ова можеби делува малку изненадувачки, ако се знае дека Јувентус доминираше и без проблеми освои ново Скудето.

Икарди даде 29 голови во 34 меча и заедно со Чиро Имобиле беа најдобри стрелци во Лигата, но тој доби најмногу гласови од сите играчи. Очекувано, во тим на сезоната во Серија А доминираат играчите на „старата дама“. Еве го најдобриот состав во Италија за сезоната 2017/18: Алисон (Рома), Кансело (Интер), Кулибали (Наполи), Кјелини (Јувентус), Алекс Сандро (Јувентус), Пјаниќ (Јувентус), Миленковиќ-Савиќ (Лацио), Најнголан (Рома), Дибала (Јувентус), Икарди (Интер), Имобиле (Лацио).

- Оглас -

Најнови вести