Нема подобра препорака од голови – Косгрув се сели во Лацио

Симоне Инѕаги испрати сигнал до раководството на Лацио за ангажман на опасниот шкотски напаѓач на Абердин, Сем Косгрув, а ако сè биде в ред, корпулентниот шпиц ќе игра во Серија А.

Сем и лани играше одлично и ефикасно, но на почетокот на оваа сезона едноставно блеска и немилосрдно ги тресе противничките мрежи.

Досега постигна шест гола во квалификацискиот циклус за пласман во Лигата на Европа и е втор стрелец, иако Абердин веќе испадна и не може да напредува.

Инѕаги, кој беше напаѓач, смета дека Сем е и млад и талентиран играч само со 22 години и може да биде голема перспектива за Лацио.

 

 

- Оглас -

Најнови вести