По неколкумесечни терапии, српскиот тренер Синиша Михајловиќ ја напушти болницата во Болоња. На некогашниот легендарен фудбалер летоска му беше откриено дека има леукемија и беше потребно да се прават интензивни терапии.
По шестнеделните терапии и поминувањето на трите циклуси во борбата против оваа опасна болест, Михајловиќ денеска во друштво на својата жена Аријана си замина од болницата.
„Нема подобро чувство. Си одиме дома“, напиша Аријана, која со Синиша има три сина и две ќерки.
Засега нема официјални информации околу текот на лекувањето, но со ваква порака на Аријана сите очекуваат позитивен исход од терапиите.
И покрај опасната болест, Михајловиќ остана тренер на Болоња и го предводи тимот до солидни резултати во Серија А. Следниот меч Болоња го игра в недела, на домашен терен против Парма.