Нема поголем баксуз – Го почнаа најважниот меч во сезоната со автогол во првата минута (Видео)

Блекпул имаше катастрофален старт во најважниот меч сезонава, во финалето од плејфот за пласман во Чемпионшип лигата во Англија и губи со 0:1 по автоголот на Оливер Тартон во првата минута.

На култниот „Вембли“ во Лондон се крои судбината и на Блекпул и на Линколн, па победникот ќе се пласира во втората по ранг фудбалска лига во Англија.

По само 47 секунди од почетокот на мечот Тартон несмасно реагираше и са си ја турна топката во својот гол.

За среќа на Блекпул, Кенет Дугал постигна гол за израмнување во 34. минута, па во егал позиција двете екипи го продолжуваат финалето на „Вембли“.

Во финалето се игра само еден меч, а подобрата екипа ќе се пласира во Чемпионшип на Англија.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести