Нема поголем фудбалски измамник од Нејмар, срамно одглуми фаул за пенал што апла не постоеше (Видео)

Нејмар одигра одличен меч за Пари Сен Жермен против Гамба Осака, постигна два гола и имаше една асистенција, но пак е на цел на критики и на потсмев по измамата со потег што го направи во 32-рата минута.

Бразилецот одглуми фаул што не постоеше и доби пенал, а уште еднаш потврди дека е еден од најголемите измамници во модерниот фудбал.

Нејмар го изведе пеналот и погоди во тој момент за 2:0 за ПСЖ на дуелот што заврши 6:2 за францускиот првак.

Потоа постигна уште еден гол по блескавата асистенција на Лионел Меси, а и самиот му асистираше на Аргентинецот во високата победа со 4 гола разлика.

 

- Оглас -

Најнови вести