Нема појако – Соиграч на Ракип во Малме мораше да си ја утне свадбата, ама си овласти претставник на веселбата

Вистинска урнебесна приказна е таа на Мохамед Буја Туреј од Малме, играч кој поради фудбалски натпревар си ја пропушти сопствената свадба на 21 јули годинава.

Од Малме побараа Туреј да биде во Шведска пред тој термин за да биде на официјалната промоција како нов играч на клубот и 27-годишниот фудбалер мораше да си ја пропушти сопствената свадба во Сиера Леоне, но се снајде со овластен претставник на веселбата во негово име.

„Урнебесно е нели? Брат ми го овластив да ме замени на свадбата, а ние се снајдовме некако, па се фотографирав со мојата сопруга пред свадбата за да имаме спомен“, вели репрезентативецот на Сиера Леоне.

Тој дури и објави фотографии на „Инстаграм“, а веќе следниот ден по свадбата, на 22 јули и официјално беше претставен од Малме како нов играч на шведскиот гигант.

За Малме веќе цела деценија настапува македонскиот репрезентативец Ердал Ракип.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести