Нема попуст за Сините: 100 милиони евра или заборавете на Хаверц

Баер Леверкузен не се откажува во намерата да оствари заработка до 100 милиони евра со продажбата на талентираниот Кај Хаверц. Челзи е во пол-позиција за неговиот потпис, меѓутоа не може да се договори на помала сума, па им преостанува да ги делат 100 милиони евра во клаузули и бонуси.

Сините притискаат да доведат уште едно големо засилување во нападот по Зијех и Вернер, а токму Хаверц е на врвот на листата со желби кај Френк Лампард. Воедно Челзи ќе мора да обезбеди пласман во Лигата на шампионите за да може полесно да го убеди Хаверц да се пресели во Лондон, а во меѓувреме ќе треба да се ослободат од неколку играчи за да соберат буџет за евентуалниот трансфер.

Хаверц сезоната во Бундеслигата ја заврши со 12 гола и шест асистенции на 30 меча, односно вкупно 17 погодоци во 43 дуели во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести