Нема посигурен тип за вечерва: Ги победија 14 пати по ред и во просек им даваат речиси три гола

Манчестер сити на свој терен игра против Вест Бромич албион во меч на две екипи кои имаат соема различни амбиции. Сити, кој моментно е на деветтото место во Премиер лигата, сигурно ќе се обиде повторно да се врати при врвот на табелата, додека за ВБА главна задача сезонава ќе биде да не испадне од лигата.

Само со пет победи во 11 меча, тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, верува дека полека неговиот тим ќе влезе во серија победи. Дуелот против ВБА е како порачан затоа што тоа е ривал по мерка за Граѓаните. Историјата од меѓусебните дуели покажува дека Манчестер сити победил на сите 14 последни средби со овој ривал, а во просек дава по речиси три погодоци.

ВБА сезонава на гости има само еден освоен бод во шест средби, па на гостување кај Сити нема што да бара освен попристоен пораз.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПОСЛЕДНИТЕ 14 МЕЃУСЕБНИ ДУЕЛИ НА СИТИ И ВБА:

Манчестер сити – ВБА 3:0

ВБА – Манчестер сити 2:3

ВБА – Манчестер сити 1:2

Манчестер сити – ВБА 3:1

ВБА – Манчестер сити 0:4

Манчестер сити – ВБА 2:1

ВБА – Манчестер сити 0:3

Манчестер сити – ВБА 3:0

ВБА – Манчестер сити 1:3

Манчестер сити – ВБА 3:1

ВБА – Манчестер сити 2:3

Манчестер сити – ВБА 1:0

ВБА – Манчестер сити 1:2

Манчестер сити – ВБА 4:0

 

- Оглас -

Најнови вести