Ливерпул синоќа уште еднаш ја покажа доминацијата во Премиер лигата, но англиското првенство ќе остане интересно до крај, посебно во борбата за третото и четвртото место кои водат до пласман во Лигата на шампионите. Челзи и Лестер се на посакуваните позиции, но Манчестер јунајтед сигурно нема да се откаже.
Црвените ѓаволи вечерва имаат шанса да се приближат само на еден бод до Лестер, потребна им е победа на гости во Бирмингам на дуелот против Астон вила. Реално, Црвените ѓаволи се големи фаворити за победа, а тоа го покажува традицијата, моменталната форма, но и квалитетот на играчите со кои располагаат гостите.
Во последните 15 меѓусебни средби Манчестер има 11 победи и само четири нерешени, додека Астон вила нема победа уште од декември 2009 година (0:1). Според формата во која се наоѓаат двата тима, не е чудно што Астон вила е во зоната за испаѓање затоа што во последните девет кола освои само два бода (7 порази и две ремија).
За разлика од домаќините, Манчестер игра одлично и во последните 16 меча кои ги одигра во сите натпреварувања има 12 победи и само четири нерешени. Бруно Фернандеш е вистински лидер на тимот. Португалецот дојде во зимскиот преоден рок, но се покажа како одлично засилување. На четирите дуели во посткорона ерата, Фернандеш на четири меча во првенството има дадено четири гола.
Токму со Фернандеш, нападот на Манчестер е посилен, а Астон вила има најслаба одбрана во лигата, па може и да се очекуваат повеќе голови на дуелите, секако во мрежата на домаќините. Освен овој меч, во Премиер лигата денеска се играат уште две средби, а сите се дел од понудата на Sport Life, кој ви нуди на фејсбук-страницата и бесплатно да го прогнозирате резултатот, а следуваат и вредносни ваучери.