Нема посигурна „двојка“ од Барселона на Спортска прогноза

Најновото коло на Спортска прогноза, 18-то по ред, веќе трет ден е во тек, а голем дел од редовните учесници веќе ги приложија прогнозите со кои се надеваат дека ќе се подноват со „Ајфон 11“, или барем ќе стигнат до утешните подароци, ваучери од Sport Life.

Како за промена, во ова коло нема дуели од англиската Премиер лига, што можеби ќе се покаже како добра работа во походот кон максимален учинок во „среќната 13-ка“.

Од новите 13 парови, барем за еден нема потреба да се грижите каков ќе биде исходот. За Дуелог Гранада – Барселона, речиси 94% од учесниците прогнозираа „двојка“. Каталонците вчера се прикажаа во одлично издание против Билбао, па во голем стил би требало и да ја надиграат Гранада.

Колото ќе заврши во недела, овојпат немаме понеделнички дуели. Тука се и двата резервни пара кои се пресметуваат во вашиот биланс во Генералниот пласман. Таму трката за бројните и вредни награди е многу неизвесна. На врвот се тројца прогнозери со по 117 поени. Веднаш зад нив се четворица со по 116, и шестмина со по 115.

- Оглас -

Најнови вести