Нема поубаво – Синот на Палермо ја урна Италија, цел свет се радува на сензацијата на Македонија (Видео)

Александар Трајковски е јунак над јунаците на храбрата Македонија и синот на Палермо со гол во 92-рата минута ја урна големата Италија и донесе многу радост во светот на фудбалот.

Играчот што настапуваше за Палермо од 2015 до 2019 година и одлично го знае италијанскиот фудбал им даде втор гол на Италијанците на гостински терен, по тој во Торино во 2017 година, кога одигравме 1:1.

Вечерва неговиот погодок беше клучен за невидена сензација и победа од 1:0 за пат во Порто на завршниот бараж-меч со Португалија на 29 март, по кој победникот ќе игра на Мундијалот во Катар.

Слушнете го коментарот на арапски јазик и радоста на коментаторот по голот на Трајковски во 92-рата минута.

- Оглас -

Најнови вести