Челниците на Динамо Букурешт едвај ги смирија фудбалерите на клубот да не тренираат уште некој ден откако нивните колеги од големите ривали Стеауа и Универзитатеа Крајова почнаа со подготовки на отворено во услови на панедмија со корона-вирус.
„Прво што им реков е дека и јас сакам веднаш да почнеме со тренинзи, но не сакам да не ги почитуваме законите во Романија. Но, очигледно не сме сите во иста ситуација. Има привилегирани тимови“, изјави Адријан Михалчеа.
Новиот тренер на гигантот од Букурешт е именуван за шеф на стручниот штаб во март и сè уште го чека првиот меч како кромилар на Динамо.
Од Стеауа, клуб кој е голем ривал на Динамо, одговорија дека ги почитуваат правилата и дека не го кршат законот.
„Во Романија може да очекуваш сè, но ние не сме претстапници и не го кршиме законот. Не сме луди да го загрозиме здравјето на фудбалерите и Стеауа не е единетвениот клуб што почна со тренинзи“ изјави Џиџи Бекали, контроверзниот сопственик на романскиот гигант.
https://twitter.com/FCSBEnglish/status/1254779943998783489?s=20
Романците одиграа две кола од плејофот за титулата и од плејаутот за испаѓање од Првата лига и мораа да ги прекинат натпреварите поради епидемијата со ковид-19.
Сè уште нема прецизен план со одредени термини кога ќе продолжат натпреварите во земјата во која настапуваат тројца македонски играчи.
Стефан Ашковски и Давид Бабунски со Ботошани ќе бијат битка за титулата во плејофот, а Марко Симоновски со Волунтари бие битка за опстанок во плејаутот.